Обуките ќе бидат организирани преку он-лине алатка која дополнително ќе ја објавиме.
- Наставната програма на обуките се фокусира на развој на основни БИМ вештини и стратегии за решавање проблеми. Како со имплементација на БИМ методологијата ќе постигнете поголема ефикасност и заштеди во ресурси. Зошто треба да се имплементира побрзо. Плановите на ЕУ за имплементација на БИМ.
- За оние кои ќе го слушаат вебинарот за претставници јавниот сектор, истите ќе бидат запознаени со основите на БИМ методологијата, како процес за дигитализација на градежниот сектор. Дигитализацијата на градежниот сектор преку имплементацијата на БИМ во ЕУ законските одредби. Формирање на ПАТОКАЗ за дигитализација на градежниот сектор во Македонија. Имплементација на БИМ во процесот на јавните набавки, изведба, надзор, производство или друг дел од целиот процес на градење.
Кој може да се пријави на обуките?
Нема посебни услови но пожелно е да се има:
- вклученост во постапките за јавни набавки, изведба, надзор, производство или друг дел од целиот процес на градење.
- разбирање на потребата за дигитализација на процесите на управување;
- разбирање на потребата и концептот на трансфер во БИМ;
- разбирање на концептот на функционирање на инженерски фирми.
РЕГИСТРАЦИЈА
- ПРИЈАВИ СЕ за - БИМ за претставници на власта, купувачи и сопственици - (14, 15 и 16 април 2020 година),
- ПРИЈАВИ СЕ за - БИМ за индустрија и произведувачи - (22, 23 и 24 април 2020 година)